Радио Холидеј е една од најслушаните радиостаници во Пелагонискиот регион, тоа го покажуваат истражувањата на публиката во Македонија. Тоа е и причината поради која постои голем интерес кај локалните компании и тие од надвор за реклама преку нашата програма. Главниот формат на радиото е mp3 и во влезна и во излезна обработка на сигналот. Емитуваме дополнителна RDS услуга на која во моментов се објавува идентификацијата на радиото. Програмата се слуша преку интернет. Македонците кои живеат во дијаспора, покажуваат интерес за слушање на радиото а реакциите се позитивни и мотивирачки. Тоа не охрабрува да се одржиме на истата бранова должина со нашите слушатели и да оствариме континуитет на успешност, професионалност и многу публика.